Скопје

По труењето на ученици: инспекции влегоа во кујните на фирмата која снабдува со храна

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ „Ванила фуд“ – ДООЕЛ Скопје и доставувачите на суровини за овој оператор, кој со храна снабдува неколку кујни на основни училишта во општина Карпош, поради пријави на случаи со стомачни тегоби и лабораториски потврди на салмонела, извести АХВ.

Вчера, спроведен е вонреден надзор во кујните на основните училишта „Владо Тасевски“ и „Димо Хаџи Димов“, а денес со вонредниот надзор опфатени ќе бидат училиштата „Јан Амос Коменски“ и „Војдан Чернодрински“.

„Превентивно, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведат вонредни инспекциски надзори во кујните на сите училишта во оваа општина, кои со храна ги снабдува овој оператор, поточно и оние училишта во кои нема потврдено случаи на заразени ученици со салмонела. По завршување на вонредниот надзор и по добивање на резултатите од лабораториските тестирања, јавноста ќе биде известена за резултатите и причинителот“, вели Николче Бабовски, директор на АХВ.

На почеток