Магазин

Возачот на авобусот е во шок, сака да ја види водителката Деа, таа сеуште е во шок соба

Возачот на автобусот кој во четвртокот во шест наутро и ја откина раката на водителката Деа во Белград, сака да ја посети по несреќата. Бојан Јовановиќ е уште во шок по несреќата.

Неговиот татко за српските медиуми вели дека Бојан тоа утро возел полека и сакал да ги избегне автомобилите. Според него, Бојан е свесен возач кој вози со години.

Инаку Деа Џурџевиќ во несреќата се здоби со сериозни повреди. Според еминентниот доктор Вучетиќ голема среќа во несреќа што настанот се случил пред самата врата на една болница и што за многу кратко време успеале да се соберат најеминентните експерти од Клиничкиот центар Србија и Военомедицинската академија.

“Деа Џурџевиќ имаше многу тешка повреда која беше високо над лактот, што е многу неблагодарно за зачувување на екстремитетот. Имаше голем број на повреди во подолгиот сегмент на раката. Имавме трка со времето, и повредата и операцијата беа на границата на невозможното, но успеавме! Наредните неколку дена се клучни за нејзината состојба да се стабилизира и да влезе во мирен тек, но засега е добро”, истакнал за српски “Kurir” доктор Чедомир Вучетиќ, лидер на Одделението за коскени инфекции во Клиниката за ортопедска хирургија и трауматологија KCS и микрохирург кој заедно со доктор Марко Бубаширевиќ, ја оперирал водителката Деа Џурџевиќ.

“Клучно беше циркулацијата во раката да се воспстави во шест до осум часа откако успеавме. Оперативниот тек беше регуларен и течеше по план, без дополнителни компликации. Уште е рано за било какви прогнози, но ситуацијата засега е добра. Да се има екстремитет е клучна работа, иако заздравувањето ќе биде долго и раката можеби ќе има извесни функционални ограничувања”, вели Вучетиќ.

Чедомир Вучетиќ е професор на Медицинскиот факултет и еден од пионерите за микрохиругрија во Србија. Меѓу операциите кои ги направил, позната била таа кога во 2017-та година спасил целосно отсечена рака од машина.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток