Свет

Исламски џихад објави видео со двајца израелски заложници

Исламски џихад објави видео со двајца израелски заложници

Вооруженото крило на палестинската група Исламски џихад во Газа објави видео на кое се гледаат двајца заложници киднапирани по нападот врз Израел на 7 октомври.

dobivaj vesti na viber

„Би-Би-Си“ објави дека ја добиле снимката, но нема да ја прикажат бидејќи затворениците и заложниците се заштитени со меѓународното хуманитарно право. Опишано е дека видеото почнува со постара жена на 70-годишна возраст која седи на инвалидска количка, а потоа е снимено и дете. Двајцата на видеото го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ја предизвикал војната.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека речиси е сигурно оти содржината на ова и на други слични видеа е диктирана од киднаперите и станува збор за обиди за психолошка војна.

Исламски џихад соопштува дека е подготвен да ги ослободи двете лица од хуманитарни и медицински причини доколку се исполнат соодветните услови, но нема повеќе детали.

На почеток