Скопје

(Видео) Скопје е хаос

Скопскиот сообраќај со денови е хаотичен. Гужви, нервози, свирење на сирените, нестрпливи возачи на кои им треба и повеќе од еден час за да стигнат дома. Претходните денови, проблем правеше дождот, но не и денеска.

„Скопје е хаос, не се помрднуваат колоните. Буквално се стои во место и по 5-10 минути. Не знам што се случува ама вака е веќе неколку денови“, сведочи возач кој ни испрати снимки направени на потегот од мостот кај Автокоманда кон Аеродром.

Утринава, долги колони имало на Партизанска, но и на мостот кај хотелот „Александар Палас“.

На почеток