Спорт

Алекс Маркез најбрз во спринтот, Мартин заврши пред Бањаја

Алекс Маркез најбрз во спринтот, Мартин заврши пред Бањаја

Foto/ EPA

dobivaj vesti na viber

Алекс Маркез, возач на Гресини Дукати, победи на спринт трката пред Големата награда на Малезија. На патеката Сепанг, помладиот од браќата Маркез победи пред возачите кои се борат за шампионската титула, Хорхе Мартин и Франческо Пеко Бањаја.

Алекс Маркез до втоеата победа во спринтот оваа сезона дојде откако на пет круга до крајот изведе одличен маневар и го престигна до тој момент водечкиот Бањаја.

Во истиот круг, Бањаја, кој трката ја започна од пол-позицијата, беше престигнат и од Мартин.

Бодови во спинтот освоија и Енеа Бастијанини (Дукати), возачите на КТМ Бред Биндер и Џек Милер, односно Марко Бецеки (ВР46) и Жоан Зарко (Прамак Дукати).

Во главната трка, која се вози утре од 8 часот по средноевропско време, Бањаја влегува со 11 поени повеќе од Мартин.

Макфакс

На почеток