Македонија

Имаме милијарда евра на располагање од ЕУ за македонската економија, велат од СДСМ

Имаме милијарда евра на располагање од ЕУ за македонската економија, велат од СДСМ

„Планот на Европската унија за раст на економиите на Западен Балкан и става на располагање на нашата држава милијарда евра.

Отворени се привилегиите и можностите од зачленувањето во Европската Унија пред време, односно додека траат преговорите.

Првиот трансфер треба да се направи со април 2024 година.

Тоа значи дека ако продолжат реформите и процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет на ЕУ ќе го имаме за пет месеци.

Тоа е голема шанса која не смее да се пропушти, а тука е и отворањето на единствениот европски пазар за македонската економија, како и раст на животниот стандард на граѓаните.

Токму затоа блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски на европскиот пат мора да бидат поразени“.

Соопштение на СДСМ

На почеток