МВР пукало во воздух за да апси велешанец кој почнал да бега кога бил фатен со марихуана
Драматично апсење имало синоќа 15 минути по полноќ на улицата Вардарска во Велес.
Полицијата пукала во воздух, кога маж кој бил затекнат со марихуана се обидел да побегне.
МВР објави дека полициските службеници запреле патничко возило „пасат“ со велешки регистерски ознаки. Кај М.М (29), кој седел на совозачкото место, била најдена марихуана, па се дал во бегство, но бил спречен од полициски службеници, при што бил испукан и еден предупредувачки куршум во воздух. Момчето е приведено.
Исто така, во полицијата извршен е службен разговор и со А.Н. (36) од Велес, кој го управувал возилото.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.