Македонија

Казни за 241 возачи во Скопје, 45 за брзо возење

Казни за 241 возачи во Скопје, 45 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон при возење, 29 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитувамат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

На почеток