Вчера попладне околу 17.50 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце-Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода 34-годишниот М.М. од Република Србија, извести МВР.
„Во возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на друго возило, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал“, соопшти МВР.
М.М. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.