Вчера напладне, на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај местото наречено Дисанска Река, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Г. Ц. (64) од село Тремник, Неготинско, и трактор, управуван од Д. Т. (71) од Неготино.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле В. Ц. (56) од село Тремник, сопатничка во патничкото возило „опел“, и возачот на тракторот, констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа на ОВР Неготино.