Македонија

Владина делегација оддаде почит во чест на загинатите припадници на поранешната ЈНА, кои потекнуваа од нашата држава

Владина делегација оддаде почит во чест на загинатите припадници на поранешната ЈНА, кои потекнуваа од нашата држава

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, положи цвеќе и оддаде почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот Слобода во Скопје по повод 17-годишнината од промовирање на спомен-обележјето на загинатите припадници на поранешната ЈНА.

Во воениот конфликт на просторот на поранешната СФРЈ загинаа 54 граѓани, кои потекнуваа од нашата држава, а настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/1992 година и ги положија своите животи извршувајќи ги своите уставни и законски должности.

На настанот, кој е во организација на Здружението на воените инвалиди и загинатите од Македонија ’91/’92“, пред споменикот „Мајкино скршено крило“ положија цвеќе и членови на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегации од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, од Министерството за одбрана и од државни институции.

На почеток