Претреси во Битола и Ресен, пронајдени оружје и муниција
Денеска полициски службеници од СВР Битола, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола, поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на К.Р.(41) во с.Штрбово, ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли различен калибар и поголемо количество на муниција, исто така, различен калибар.
Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Во импровизирана работилница во Битола, сопственост на Б.Г.(76) од Битола, биле пронајдени шест пушки (две ловечки, три воздушни и една импровизирана) и поголема количина на различни делови за оружје. Б.Г. е повикан на службен разговор во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.