Македонија

Пронајдено украдено возило во Битола, приведен крадецот

Пронајдено украдено возило во Битола, приведен крадецот

Денеска во 20.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(37) од Битола.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи дека денеска околу 19.11 часот во Битола на ул.„Булевар Први Мај” користејќи го моментот што клучевите биле оставени на бравата, одзел патничко возило ,,сеат” со битолски регистарски таблички.

Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Д.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

На почеток