Израелските командоси ја пребаруваат секоја зграда и секој кат од болницата Ал Шифа во Газа, додека стотици пациенти и медицински персонал остануваат во комплексот, изјави денеска израелски воен претставник.
„Операцијата е дефинирана според нашето разбирање дека во комплексот има добро скриена терористичка инфраструктура“, рече неименуваниот функционер, според Ројтерс.
Оружјето и опремата на Хамас беа пронајдени во Ал Шифа, рече претставникот, додавајќи дека „Хамас упорно работи на прикривање на инфраструктурата и прикривање докази“ во болниците во Газа. Хамас негираше дека работи од медицински установи.