Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи осаменоста за глобална здравствена закана, а експертите предупредуваат дека нејзиното влијание врз смртноста е еквивалентно на пушење 15 цигари дневно.
„Осаменоста ги надминува границите и станува глобален јавноздравствен проблем, кој влијае на секој аспект на здравјето, благосостојбата и развојот. Социјалната изолација не познава ниту возраст ниту граници“, изјави претставникот на Африканската унија во СЗО, Кидо Мпемба, пренесува „Гардијан“.
Американскиот хирург Вивек Марти истакнува дека здравствените последици од осаменоста се исто толку лоши како и пушењето 15 пури дневно и дека се посериозни од оние поврзани со дебелината и физичката неактивност.