ИДФ тврди дека тело на израелска заложничка било извлечено од зграда во близина на болницата Ал Шифа, објави Тајмс оф Израел.
„Телото на Јехудит Вајс, која беше киднапирана од терористичката организација Хамас, го извлекоа војниците на ИДФ од структура во близина на болницата Шифа во Појасот Газа и го префрлија на израелска територија. Во зградата каде што беше телото, пронајдена е и воена опрема, вклучително и пушки“, се наведува во соопштението.
„По процесот на идентификација спроведен од воено медицински и рабински персонал, заедно со Институтот за судска медицина и израелската полиција, претставници на ИДФ и израелската полиција го известија семејството на Јехудит Вајс, која беше киднапирана од нејзиниот дом во Беери од страна на терористичката организација Хамас на 7 октомври, дека е прогласена за мртва“, се додава во соопштението.