Свет

(Видео) Кучето на претседателката на Молдавија го касна австрискиот претседател

(Видео) Кучето на претседателката на Молдавија го касна австрискиот претседател

Кучето на претседателката на Молдавија Маја Санду сериозно го прекршило протоколот гризнувајќи го за рака австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, објавија молдавските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Медиумите наведуваат дека инцидентот се случил кога двајцата лидери се шетале во дворот на претседателската резиденција, а Ван дер Белен се обидел да го погали животното, кучето по име Кодрут. Санду се извини на англиски и објасни дека кучето се исплашило од големиот број луѓе во близина.

Ван Дер Белен се појави со завиткана рака на следната средба, со претседателот на молдавскиот парламент. Разговорите во Кишињев, на кои присуствуваа Ван Дер Белен и словенечкиот претседател, се фокусираа на кандидатурата на Молдавија за пристап во Европската унија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија.

Санду, која го посвои кучето откако во него удри автомобил, објави слики на социјалните мрежи со нејзиното милениче и двајцата претседатели, пренесува новинската агенција Ројтерс.

На почеток