Свет

(Видео) Во урнатиот тунел во Индија останаа 40 работници, спасувачите за 5 дена пробиле 21 метар пат

(Видео) Во урнатиот тунел во Индија останаа 40 работници, спасувачите за 5 дена пробиле 21 метар пат

Спасувачите до утринава пробиле околу една третина од урнатините на срушениот тунел на автопатот во Индија за да стигнат до 40 работници кои се заробени таму веќе пет дена, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Дупчењето продрело околу 21 метар урнатини, изјави за Ројтерс претставникот за управување со катастрофи Девендра Синг Патвал.

Тие треба да поминат вкупно растојание од речиси 60 метри.

Официјален претставник на спасувачката екипа во тунелот изјави дека затрупаните луѓе се добро. Работниците преку цевки се снабдуваат со храна, вода и кислород, а надлежните контактираат со нив преку воки-токи.

Тунелот долг 4,5 километри се наоѓа во северната држава Утараханд и е дел од автопатот Чар Дам, еден од најамбициозните проекти на владата на индискиот премиер Нарендра Моди.

Властите не кажаа што го предизвикало уривањето на тунелот во неделата наутро, но регионот е подложен на лизгање на земјиштето, земјотреси и поплави.

На почеток