Спорт

Приведени тројца од напаѓачите на ватерполистите на Црвена Звезда во Сплит

Хрватската полиција утрово привела тројца од напаѓачите на ватерполистите на Црвена Звезда во Сплит. Според информациите се трага по уште двајца хулигани кои со палки ги нападнале спортистите на кејот на Јадранското море.

Тие ги барале нивните обележја, а потоа вербално и физички ги нападнале. Еден од нападнатите ватерполисти скокнал во море за да се спаси. Двајца од ватерполистите од нападот се здобиле со полесни повреди на главата и вратот.

Во тек е потрагата по уште двајца напаѓачи, кои се надеваат дека ќе ги пронајдат наскоро.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток