Магазин

„Имам 108 години, чувајте кучиња место деца за долговечност“, откри Англичанка

„Имам 108 години, чувајте кучиња место деца за долговечност“, откри Англичанка

108-годишната Англичанка Ада Даниел на вработените во старечкиот дом во кој престојува ја откри нејзината тајна на долговечноста. Верува дека клуч за нејзината долговечност е чувањето кучиња место деца.

dobivaj vesti na viber

За 108 роденден што го прослави во јуни, добила повеќе од 300 честитки од добронамерници, а меѓу нив имало и честитка од кралот и кралицата, објавија британските медиуми.

Во изјава за Би-Би-Си, вработената во старечкиот дом во кој престојува, Кели Гушер, вели дека пензионерката е “дефинитивно карактер”.

„Ја прашав која е нејзината тајна еднаш и таа рече дека тајната е да се има кучиња, а не деца“, вели Гушер.

Гушер сведочи дека старечкиот дом помогнал за роденденот на Ада. Таа била возбудена за роденденот уште од почетокот на април – па домот одлучил да покрене апел за да и помогне да прослави.

На фејсбук-страницата на домот споделиле фотографии од насмеаната Ада со летен пијалак в рака.

“Нашата прекрасна Ада полни 108 години во четврток на 1-ви јуни. Би сакале да добиеме 108 роденденски картички за одбележување на пригодата“, напиша домот во објавата.

Веќе следниот ден имале 135 пораки од луѓе кои сакаат да и испратат честитки на Ада.

На почеток