Свет

(Видео) Израел објави видео од болницата во Газа под која нашле тунел на терористичката организација

(Видео) Израел објави видео од болницата во Газа под која нашле тунел на терористичката организација

Израелската армија објави видео на Х, за кое тврди дека покажува тунел на Хамас долг 55 метри кој се наоѓа на длабочина од 10 метри под болницата Шифа.

dobivaj vesti na viber

На видеото се гледа дупка, односно длабоко скалило на приземјето, меѓу урнатините на болничкиот комплекс.

„Овој тип на врати се користи од страна на терористичката организација Хамас за да ги спречи израелските сили да влезат во командните центри и подземните средства што му припаѓаат на Хамас“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).

„Влезот во тунелот содржи одбранбени механизми, како што се врата отпорна на експлозија и отвор за пукање. Со недели му зборувавме на светот за тоа дека Хамас цинично ги користи жителите на Газа и пациентите на болницата Ал-Шифа како жив штит. Ова е доказ за тоа“, а додаваат дека окното пд тунелот е откриено до возило со РПГ, експлозиви и пушки.

Израелските сили со недели тврдат дека Хамас има команден и контролен центар под Ал-Шифа, наводи кои групата и медицинскиот персонал во болницата ги негираат.

Минатата недела САД соопштија дека нивните разузнавачи на сличен начин сугерирале дека Хамас има мрежа од тунели под Ал-Шифа.

На почеток