Спорт

Швајцарците незадоволни од селекторот кој ги однесе на ЕУРО 2024

Швајцарците незадоволни од селекторот кој ги однесе на ЕУРО 2024

Репрезентацијата на Швајцарија се пласираше на ЕП, но за првото место во групата мора да победи во последното коло во Романија, која моментно ја држи лидерската позиција во И групата.

dobivaj vesti na viber

Швајцарците не ги исполнија очекувањата на своите навивачи, кои веруваа дека треба да доминираат во оваа група.

Швајцарските медиуми шпекулираат за евентуален отказ на селекторот Мурат Јакин. Пораз или реми во Романија веројатно би довеле до вакво сценарио. Веќе се споменуваат имињата на можните наследници, а тоа се Лусиен Фавр, Ален Гајгер и Мауро Лустринели.

За селекторот проговори и капитенот Гранит Џака, кој во Баер Леверкузен игра одлично, за разлика од она што го прикажува во националниот тим.

„Селекторот гледа колку сум доминантен во клубот на мојата позиција. Но тој одлучува на која позиција ќе играм, тоа не е моја работа. Каде и да играме, мораме да го дадеме нашиот максимум. На крајот од денот само тоа е важно“, рече Џака.

Јакин ја презеде репрезентацијата на Швајцарија по Европското првенство во 2021 година. Тој ги однесе Швајцарците на Светското првенство во Катар, каде во осминафиналето загубија од Португалија со 6:1.

Макфакс

На почеток