Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Избори мора да се случат, за да се стави крај на хаосот во здравстово

Наместо да испраќа штури соопштенија, СДСМ и Зоран Заев треба да се одважат, да излезат со свој став и да одговорат дали ќе прифатат предвремени парламентарни избори. Аболицираниот Заев веќе неколку недели бега од соочување со гневот на граѓаните, бега од предвремени парламентарни избори бидејќи е свесен дека тие ќе значат крај неговата политичка кариера, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Предвремените парламентарни избори ќе стават крај на општиот грабеж на парите на граѓаните, кои преку криминални тендери, грантови, субвенции кои завршуваат во џебот на партиски и државни функционери на СДСМ.

Парламентарните избори ќе стават крај на агонијата на граѓаните, нивното осиромашување преку зголемени давачки кон државата, ќе ја спречат економската катастрофа која паралелно се случува со националната катастрофа, олицетворена во промената на името, идентитетот, јазикот и историјата спротивно во волјата на граѓаните.

Избори мора да се случат, за да се стави крај на хаосот во здравстово, крај на епдиемиите во Македонија на болести за кои со децении постои вакцина.

Време е за избори, народот да одлучи, да изгрее зората на слободата, зора која ќе ги порази црнилата. Ајде Зоран одважи се и донеси ја единствената правилна одлука во својата политичка кариера, соочи се со волјата на народот, народот кој ќе каже доста е на следните парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток