Македонија

Пазарџиите ќе стават клуч на зелените пазари, најавуваат генерален штрајк?

Пазарџиите најавуваат генерален штрајк, објави ТВ Сител. Иако примената на новиот Закон се одложи за една година, тие не отстапуваат од своето барање за негово целосно укинување и ја искажаа можноста да ја блокираат работата на зелените пазари низ целата држава.

Од Владата информираат дека ги слушнале аргументите и барањата на пазарџиите на заедничката средба што ја остварија пред неколку дена.

И од Министерството за економија потврдија дека последната средба завршила со позитивен резултат. Одлуката да се одложи примената на законот за една година е донесена токму со таа цел, преку заеднички преговори во меѓувреме да се изготви подобрено решение на задоволство на сите засегнати страни.

Новите законски измени предизвикаа револт кај пазарџиите бидејќи им се наметнува дополнителна давачка во висина од 60 евра на годишно ниво, а пензионерите и вработените немаат право да поседуваат тезга.

Текстот вo целост на ТВ Сител

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток