Македонија

(Видео) Продолжи драмата во Собрание, Апасиев ја соблече чевлата за да става „печат“ на амандманите

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, ја соблече чевлата и со неа лупаше на говорницата, симулирајќи ставање на печат на амандманите кои се отфрлени. Тој кажа дека тоа го прави по примерот на експретеседателот на Америка, Џорџ Буш.

„Да не се осеќате повредени, дека некои се со печат или без печат – еве јас како Џорџ Буш со чевлата ќе ставам печат. Еве ви го Жан Моне процесот, по сите шверцерски стандарди. Вие како слуга на ДУИ, одлично го направивте процесот“, кажа Апасиев.

Сите амандмани кои беа дадени од Апасиев, ги зема потпретседателот Горан Мисовски.

На почеток