Свет

(Видео) Под џамија во Газа е пронајден објект за производство на ракети на Хамас, соопшти израелската војска

(Видео) Под џамија во Газа е пронајден објект за производство на ракети на Хамас, соопшти израелската војска

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека пронашла објект под џамија во населбата Зејтун во градот Газа, што палестинската милитантна група Хамас, наводно, ја користи за производство на ракети.

dobivaj vesti na viber

„Џамијата, во областа Зејтун, се користеше како лабораторија за правење оружје“, изјави портпаролот на ИДФ Даниел Хагари на прес-конференција, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека израелските војници влегле во џамијата за да проверат дали има замки.

Но, според неговите зборови, кога влегле во зградата нашле тунелско окно и скалила.

„Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам“, рече Хагари.

На почеток