Свет

Жена поставила експлозив на улица во Полска, во нејзината куќа била пронајдена слика од Бин Ладен

Жена поставила експлозив на улица во Полска, во нејзината куќа била пронајдена слика од Бин Ладен

Полските власти објавија дека уапсиле 38-годишна Полјака која поставила експлозивна направа на улица во центарот на Варшава на почетокот на овој месец, кога немало повредени.

dobivaj vesti na viber

Полицијата навела дека во куќата на уапсената се пронајдени повеќе предмети кои покажуваат, како што се наведува, дека ја поддржувала Исламската држава, како и материјал за изработка на уште една експлозивна направа.

Полицијата објави видео на кое се прикажани некои од предметите пронајдени во нејзиниот дом, вклучувајќи ја и сликата на Осама бин Ладен.

Полицијата во понеделникот соопшти дека жената го поставила уредот во Варшава ноќта меѓу 10 и 11 ноември, а потоа со воз се вратила дома во Вроцлав, во западна Полска.

Повредени нема, но експлозивната направа можела да повреди голем број луѓе, соопшти полицијата. Се нагласува дека жената е обвинета за предизвикување опасност и загрозување на животот и здравјето на луѓето.

На почеток