Свет

Израелскиот министер Гвир: Договорот со Хамас ќе донесе катастрофа

Израелскиот министер Гвир: Договорот со Хамас ќе донесе катастрофа

Министерот за национална безбедност на Израел, Итмар Бен Гвир денеска повика да не се склучува најавениот договор со Хамас за заложниците.

dobivaj vesti na viber

„Многу сум загрижен бидејќи се зборува за некаков договор. Гласините велат дека Израел повторно ќе направи голема грешка, на сличен начин како во 2011 година“, напишал израелскиот министер, а пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој рече дека е загрижен за „договор што ќе донесе катастрофа“, наведувајќи го, меѓу другото, можното ослободување на палестинските затвореници и пуштањето гориво во Појасот Газа.

Шефот на политбирото на Хамас, Исмаил Ханије, тврди дека Израел и палестинската милитантна група се приближуваат до договор за прекин на огнот во војната во Појасот Газа, без да даде повеќе детали.

Официјален претставник на Хамас, Изат ел Решик, утринава изјави дека во тек се разговори меѓу Хамас и Израел за привремено примирје за време на кое ќе се организира влез на помош во Појасот Газа, а дополнително ќе се разменуваат заложници и затвореници.

„Очекуваниот договор ќе вклучува ослободување на израелските заложници – жени и деца – во замена за ослободување на палестинските жени и деца во затворите“, изјави Ел Решик за телевизијата „Ал Џезира“.

Според него, деталите за примирјето ќе ги објават катарските власти, пренесе Ројтерс.

На почеток