Свет

Борел: ЕУ се соочува со непријателство од муслиманските земји, поради нејзиниот однос кон Газа

Борел: ЕУ се соочува со непријателство од муслиманските земји, поради нејзиниот однос кон Газа

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, предупреди дека Унијата се соочува со непријателството на муслиманските земји поради нејзиниот став за настаните во Газа и обвинувањата за двојни стандарди кон Газа и Украина.

dobivaj vesti na viber

Борел ја изрази својата загриженост дека различните ставови на земјите од Европа и Блискиот Исток би можеле да доведат до недостаток на поддршка во Украина на глобалниот југ, како и можноста, ЕУ да влијае да инсистира на човековите права во меѓународните договори, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Европската унија мора да покаже „повеќе емпатија“ кон палестинските цивилни жртви од војната меѓу Израел и Хамас.

За време на неговата турнеја на Блискиот Исток, Борел ги посети остатоците од кибуц Бери, уништени на 7 октомври, како и Западниот Брег, Бахреин, Катар и Јордан.

Шефот на европската дипломатија откри дека добил индикации од разговорите со одредени министри на земјите од Блискиот Исток дека Украина нема да ја добие поддршката од тие земји на претстојното гласање во Обединетите нации. Како одговор на критиките, Борел истакна дека сите животи се подеднакво вредни и ја повика Европа да инсистира на хуманитарна пауза и испорака на помош за жителите на Газа.

Како одговор на арапските барања за итен прекин на израелското бомбардирање на Газа, Борел ја повика ЕУ да започне разговори за резолуцијата меѓу двете земји и да покаже дека членките се грижат за спасување на животите на цивилите во Појасот Газа, пренесува Танјуг.

На почеток