Коментари

Русковска требаше да биде разрешена за постапувањето во случајот „27 април“, а ова зборува за капацитетот и кичмата на тие кои гласале денеска

Поранешниот обвинител и актуелен адвокат, Воислав Димоски, го искоментира разрешувањето на ексшефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Тој смета дека таа требало да биде разрешена уште кога го покренала обвиението за случувањата во Собранието на 27 април.

„Моето мислење за Рускоска го имам кажано во повеќе наврати и во различни форуми. Ако за нешто требаше да биде разрешена е за начинот на кој постапуваше во случајот „27-ми април“ и не само разрешена! Околноста пак што е разрешена за претрес извршен со судска наредба повеќе зборува за капцитетот и моралната кичма на оние што едногласно гласале за нејзиното разрешување. Никогаш нема да изградиме правосуден систем дури не се исчистат редовите од конформисти, медиокритети и послушници“, напиша Димоски.

Инаку, Русковска денеска беше едногласно разрешена.

Вилма Русковска повеќе не е обвинител, ја разреши Советот на обвинители

На почеток