Спорт

Халанд му помага на Брин да се врати во елитната норвешка дивизија

Халанд му помага на Брин да се врати во елитната норвешка дивизија

Клубот во кој Ерлинг Халанд ја започна кариерата, се бори за пласман во елитната дивизија во првенствоот на Норвешка. Брин ќе има голема поддршка во четвр-финалето од плеј-офот на гостувањето кај Старт благодарение на голгетерот на Манчестер сити.

dobivaj vesti na viber

Иако за првиот тим настапуваше само една сезона (2015/16), норвешкиот репрезентативец добро памети дека во Брин помина вкупно 12 години, а потоа преку Малме, Салцбург и Дортмунд стигна во Премиер лигата, во Манчестер сити.

Во времето кога Халанд беше во „петлињата“, Брин ја играше последната прволигашка сезона (2006).

За да му помогне на неговиот матичен клуб да се врати во првата лига, Халанд понуди да ги плати билетите и транспортните трошоци за 200 навивачи на Брин за натпреварот против Старт.

Ова Халанд ќе го чини 13.000 фунти, сума што ја заработува за четири часа.

Халанд, во Манчестер сити има неделна плата од заработува 553.000 фунти.

Макфакс

На почеток