Спорт

Жоржињо на крајот од сезоната се сели во Милано

Жоржињо на крајот од сезоната се сели во Милано

Фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец Жоржињо на крајот од сезоната би можел да ја продолжи кариерата во Милано, пренесува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Жоргињо (31) не е задоволен од третнамот што го има во Арсенал. Од почетокот на сезоата само четири пати беше стартер, вкупно одигра 14 натпревари.

Бразилскиот фудбалер пристигна во Арсенал на почетокот на оваа година од Челзи, а со „Топџиите“ има договор до крајот на сезоната.

Со Челзи ги освои Лигата на шампионите, Лига Европа, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Со репрезентацијата на Италија го освои Европското првенство во 2021 година.

Жоржињо пред Челзи играше за Наполи и Верона.

Роден е во Бразил, но од 2016 година настапува за репрезентацијата на Италија.

Макфакс

На почеток