Спорт

Ди Марија ќе се пензионира од националниот тим

Ди Марија ќе се пензионира од националниот тим

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија (35) најави збогување со националниот тим по Копа Америка, што ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули следната година.

dobivaj vesti na viber

„Со болка во душата и грутка во грлото се збогувам со најубавото нешто што ми се случи во кариерата“, напиша Ди Марија на социјалните мрежи.

Аргентина ќе ја брани титулата на Копа Америка во 2024 година.

„Тоа ќе биде последен пат да го носам дресот на Аргентина“, рекол крилниот напаѓач на лисабонска Бенфика.

Ди Марија одигра 134 настапи за Аргентина и постигна 29 гола. Тој лани освои златен медал во дресот на Аргентина на Светското првенство во Катар. Има и злато сна Копа Америка во 2021 година, олимписко злато од Пекинг во 2008 година и светска титула со аргентинската репрезентација до 20 години во 2007 година.

Од ова лето тој повторно го носи дресот на Бенфика, клубот во кој дојде во 2007 година од Росарио и остана три години. Играше и за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус.

Макфакс

На почеток