Спорт

Македонија, Словенија, Албанија, Црна Гора…за Дугари се „кикирики“ репрезентации

Македонија, Словенија, Албанија, Црна Гора…за Дугари се „кикирики“ репрезентации

Кристоф Дугари, поранешен француски репрезентативец и светски првак со оваа земја, изминатите неколку години работи како стручен коментатор.

dobivaj vesti na viber

Рекордната победа на Франција над Гибралтар од 14:0 го натера Дугари без некоја причина да навреди една третина од европските репрезентации. За него Македонија и уште некои други селекции се „кикирики репрезентации“.

„Тоа е натпревар што ќе остане во книгите, но останува анегдота. Тогаш, инсистирам и потпишувам, сите овие „кикирики“ натпревари немаат никаква корист. Го гледав натпреварот Франција-Гибралтар бидејќи тоа е моја работа, но има многу селекции кои немаат врска со овие квалификации за ЕП“, рече Дугари и продолжи.

„Гледам натпревар по натпревар на земји како Грузија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Литванија, Словенија, Казахстан, Сан Марино, Молдавија, Албанија, Малта, Македонија… Сите овие тимови се бескорисни. Косово, Андора, Ерменија… никогаш не треба да ги гледаме!“, изјави Французинот.

Кога веќе е фудбалски аналитичар и коментатор, Дугари, треба да знае дека Словенија и Албанија ќе играат на престојното ЕП.

Макфакс

На почеток