Македонија

Почината жена пронајдена во кочанско: уапсен нејзиниот син, осомничен за убиство

Почината жена пронајдена во кочанско: уапсен нејзиниот син, осомничен за убиство

Вчера полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско.

dobivaj vesti na viber

Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74).

Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство.

Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток