Спорт

Гризман: Требаше да ја освојам Златната топка пред Модриќ

Гризман: Требаше да ја освојам Златната топка пред Модриќ

Антоан Гризман, во 2018 година се најде во најтесниот круг во изборот за Златната топка. За многумина беше фаворит, но на крајот заврши на третото место. Пред него беа Лука Модиќ со 753 и Критијано Роналдо со 476 гласа. Гризман на крајот освои 414 гласови.

dobivaj vesti na viber

Изборот за Златната топка во 2018 година е еден од примерите дека ФИФА има различни аршини кога треба да се доделува наградата. Многумина сметаат дека пресуди влијанието кое првиот човек на Реал, Флорентино Перез го има во светото на фудбалот.

Во интервју за „YouTube“ каналот “Fútbol Emotion“, Гризман беше запрашан дали мисли дека ја заслужил Златната топка пред пет години. Тој одговори потврдно.

Модриќ и Роналдо таа сезона ја освоија Лигата на шампионите, во домашниот шампионат немаа успех со Реач. На репрезентативен план, Модирќ со Хрватска дојде до финалето на Светското првенство во Русија, а Роналдо со Португалија испадна во четвртфинаето.

За разлика од нив, Грзиман беше најдобриот стрелец и играч на Франција во походот на светската титула. Франција ја победи Хрватска во финалето со 4:2. Со Атлетико, Гризман ја освои Лига Европа и беше прогласен за најдобар игра на ова натпреварување и беше најдобра играч во финалето против Олимпик Марсеј (постигна два гола во победата 3:0). Исто така Атлетико го освои Суперкупот на УЕФА. Во финалето, во Талин, Гризман и екипата по продолженијата го победија Реал со 4:2.

Гризман за Франција одигра 126 натпревари и постигна 44 гола. Во својата кариера покрај Атлетико, чија легенда е играше и за Реал Сосиедад и Барселона.

Макфакс

На почеток