Спорт

Македонецот-светски шампион кој ни носи титула: Патот е тежок, ќе ги бранам боите на Македонија на најголемите кикбокс сцени!

Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиевски, кој се закити со златниот медал на Светското првенство (СП) во Португалија, се огласи по освојување на светската титула.

„Во конкуренција од 14 натпреварувачи во мојата категорија и после 3 борби со доста квалитетни борци од Босна и Херцеговина, Азербејџан и Узбекистан го освоив првото место на турнирот. Патот до победата е тежок и полн со препреки кои што ни ги носи животот, долгогодишна посветеност, напорни тренинзи и одрекување од многу задоволства резултираат со вакви успеси. Ова е мојот живот, ова е тоа што ме прави среќен. Ова е само еден мал чекор до мојата цел, верувам дека ќе ги бранам боите на Македонија на најголемите кик бокс сцени!

Голема благодарност до луѓето кои што ме поддржуваат, моите најблиски, семејството, другарите и моите тренери Урко и ‘Гладијатор’ кои што беа до мене во текот на целата подготовка и ми беа безусловна поддршка во аголот во текот на сите борби. Оваа светска титула ја посветувам на мојот дедо Љубе, кој не напушти неколку дена пред ова првенство. Почивај во мир дедо“, напиша тој.

На почеток