Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, преку својот Твитер профил упати пораки до најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од ова семејство на европски десничарски партии.
„Се очекува важна одлука за иднината на поранешната Југословенска Република Македонија и целиот регион во рамките на ЕУ и НАТО. Останувам разочаран од улогата на опозицијата во овој процес досега, конструктивната соработка мора да преовлада над бојкотот. Дијалог меѓу власта и опозицијата е неопходен, бидејќи ова е важен дел од полноправна демократија, напиша Дол на Твитер.
