Спорт

Италија го освои трофејот во Дејвис купот

Италија го освои трофејот во Дејвис купот

Foto/ EPA

dobivaj vesti na viber

Репрезентација на Италија втор пат во историјата го освои Дејвис купот. Во финалето, во Малага, Италија со 2:0 ја победи Австралија.

Италија до победата ја предводеа Матео Арналди и Јаник Синер.

Арналдо го освои првиот поен, откако во крајно незивесен натпревар го победи Алексеј Попирин со 7:5, 2:6, 6:4.

Во вториот меч Јаник Синер беше апсолутен фаворит против Алек Де Минор и тоа го покажа на теренот. Славеше лесно со 6:3, 6:0.

Во финалето Италијанците беа подобри од Австралија, а клучниот втор бод им го донесе првиот рекет Јаник Синер кој беше подобар од Алекс де Минор со 6:3, 6:0.

Италија, осми пат играше во финалето на Дејвис купот, го освои вториот тројфе. Првата титула Италијанците ја освоија во далечната 1976 година.

Макфакс

На почеток