Владата се подготвува за кревање на знамето на НАТО пред владината зграда, објави порталот мкд.мк.
Денеска пред влезот на Владата беа наредени столчиња, а присутни беа повеќе лица во униформи. Од Владата објаснуваат дека ова денеска било „проба“ на церемонијата на поставување на знамето на НАТО, а дополнително ќе информираат кога таа ќе се одржи. Претходно утринава од Владата беше отстранет натписот „Влада на Република Македонија“.
извор: мкд.мк
фото: мкд.мк