Скопје

Загрижена скопјанка трага по ќерка ѝ: Излезе за на училиште, и се губи трага, видена е последно во Дебар Маало

Скопјанката Зорица Ѓорчевска објави апел со кој бара помош од јавноста, за пронаоѓање на нејзината ќерка. Според објавата на Ѓорчевска која сподели и фотографии, девојчето тргнало во училиште, а потоа и се изгубила секоја трага.

„Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели ‘најк’ патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, пишува загрижената мајка.

„Скопје1“ се обиде да исконтактира со загрижената мајка, која ја прашавме дали исконтактирале и пријавиле во полиција. Од неа очекуваме одговор.

На почеток