Свет

Во Белорусија со нож до смрт избодел наставичка и ученик

Средношколец во Белорусија со нож до смрт избодел наставничка и ученик.

Според белоруското Министерство за внатрешни работи, ученикот кој бил 10 одделение ја нападнал наставничката пред да таа да започне со својот час. Во инцидентот тој избодел и двајца ученици кои се обиделе да ја заштитат наставничката.

Настанот се случил во градот Столбци, на околу 65 километри од престолнината Минск.
Наставничката и еден од нападнатите ученици починале на лице место, а двајцата други ученици се сместени во болница.

Полицијата го уапсила напаѓачот. Се истражуваат причините за инцидентот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток