Спорт

Чави посакува мечот со Порто да биде пресвртница во сезоната

Чави посакува мечот со Порто да биде пресвртница во сезоната

Foto/ EPA

dobivaj vesti na viber

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, одржа прес конференција пред утрешниот натпревар со Порто во Лигата на шампионите. Чеви верува дека овој натпревар може да биде пресвртница за неговиот тим оваа сезона.

Барселона со победа над Порто, ќе се врати во нокаут фазата во Лигата на шампионите, откако во претходните две сезони не успеваше да ја мине групната фаза.

„Работите не одат како што се очекуваше во последно време. Беше подобро против Рајо Ваљекан, но ни недостига континуитет. Утре е голема можност за нас. Тоа може да биде пресвртница. Навистина верувам дека ќе одиграме подобро. Да не верував, немаше да бидам тука“, изјави Чави.

Барселона ќе се пласира во нокаут-фазата од Лигата на шампионите со победа или реми, доколку Шахтјор не успее да го победи Антверпен.

„Во Барса секогаш има притисок. Секогаш било вака и нема да се промени. Во овој клуб мора да се победи“, изјави Чави.

Тој додаде дека ја чувствува целосната поддршка од клубот.

„Сите веруваме во проектот и постои целосна доверба“, рече тој.

Барселона моментално е прва на табелата од групата Х од Лигата на шампионите со девет бодови, ист број на бодови има и Порто, Шахтјор е трет со шест бодови, додека Антверпен е без освоен бод.

Макфакс

На почеток