Спорт

(Видео) Филалделфија ги растури Лејкерси, Денвер без Јокиќ ги победи Клиперси

(Видео) Филалделфија ги растури Лејкерси, Денвер без Јокиќ ги победи Клиперси

Кошаркарите на Денвер Нагетс во Лос Анџелес ги победија Клиперси со 113:104, во најпрвивлечниот натпревар, одигран изминатата ноќ во НБА лигата. Големо внимание привлече и катастрофалниот пораз на Лејкерси, адомашен терен од Филаделфија. Севентисиксерси победија со 46 поени разлика.

dobivaj vesti na viber

Победата Денвер ја извојува без тројцата најдобри играчи: Никола Јокиќ, Џамал Мареј и Арон Гордон.

Нагетс победата ја извојуваа со серијата 18:4 во последната четвртина. Во победата се истакнаа поранешниот играч на Клиперси, Реџи Џексон и ветеранот Деандре Џордан.

Џексон го одигра најдобриот натпреварт откако во февруари од Клиперси пристигна во Денвер. Забележа 35 поени и 13 асистенции, додека Џордан имаше 21 поен и 13 скока.

Кај Клиперси, Кавии Ленард беше нанајдобар со 31 поен со осум скока, а го следеше Ивица Зубац кој постигна 23 поени и имаше 14 скока.

Расел Вестбрук имаше учинок од 14 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне деветтиот пораз сезонава.

Филалделфија ги декласира Лејкерси со 138:94. Ова е најтешкиот пораз во кариерата на Леброн Џејмс.

Џоел Ембид со шесттиот трипл-дабл во кариерата (30 поени, 11 скока и 11 асистенции). Најефикасен кај Сиксерси беше Тајрис Мекси со 31 поен и осум асистенции. Кај Лејкерси Леброн постигна 18, а Ентони Дејвис 17 поени и 11 скока. Леброн прв пат од ноември 2010 година одигра натпревар во кој немаше ниту еден скок.

Макфакс

На почеток