Македонија

(Видео) Хеликоптерот на МВР ја „разнесе“ оградата покрај салата „Борис Трајковски“ ставена за самитот на ОБСЕ

Полицајци распоредени околу цела сала „Борис Трајковски“, строго регулиран влез и излез само со авторизиран пристап, поставени патроли на двата влезови и ограда долж цел објект. Ваква од прилика е сликата покрај салата, каде ќе се одржи Самитот на ОБСЕ, со кој претседава Македонија. Меѓу проверките кои се прават, е и полетувањето и слетувањето на хеликоптерот, кој ќе ја гарантира безбедноста на учесниците, меѓу кои се рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Хеликоптерот има повеќе места за слетување, а едно од нив е непосредно пред салата. При слетувањето, падна речиси цела ограда со која е оградена салата. Полициските службеници се мобилизираа за да ја вратат во првобитна состојба, а ќе се бара дополнителен начин за сигурност.

Денеска ќе се завршат последните подготовки за Самитот, а од утре пристигнуваат и првите делегации. Скопје ќе биде под рестрикции, бидејќи дел од улиците и булеварите ќе бидат блокирани. Поради ова, децата нема да одат на училиште дел од деновите, а пак, јавната администрација е ослободена од работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Скопје1 / Skopje1 (@skopje1mk)

На почеток