Спорт

Артета во јануари сака да го донесе Бразилецот од Астон Вила

Артета во јануари сака да го донесе Бразилецот од Астон Вила

Фудбалскиот клуб Арсенал сака да го ангажира играчот на Астон Вила, Даглас Луиз во зимскиот преоден рок, пренесуваат британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Арсенал веќе три пати претходно се обиде да го ангажира Луиз, но Астон Вила ги одби сите понуди од лондонскиот клуб.

Британските медиуми пренесуваат дека Арсенал сака да се засили на почетокот на следната година за да се бори за титулата во Премиер лигата. Арсенал е на првото место на табелата во Премиер лигата со 30 бодови.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета верува дека бразилскиот репрезентативец може значително да ги подобри опциите за ротација.

Сепак, Астон Вила не планира да се откаже од Луиз, бидејќи раководството на клубот од Бирмингем сака да избори пласман во едно од европските натпреварувања оваа сезона.

Астон Вила моментално е четврта во англискиот шампионат со 28 бодови.

Луиз (25) е член на Астон Вила од 2019 година, а за клубот од Бирмингем одигра 170 натпревари и постигна 18 голови. За репрезентацијата на Бразил одигра десет натпревари.

Макфакс

На почеток