Скопје

(Видео) Администрацијата на работа, Скопје колабираше

Гужви, нервози, свирежи – ваква е сликата низ скопските улици од утринските часови. Администрацијата се врати на работа, а тоа донесе хаос и на булеварот Партизански одреди. Доколку вчера беше празно и од еден до друг крај на Скопје се стигнуваше за десетина минути, денеска се чека во место и по исто толку време.

Булеварите „Илинденска“ и „8 септември“ се затворени, но затоа, колони има и на „Теодосиј Гологанов“. Вакви гужви се очекуваат и во текот на попладнето, по завршување на работното време.

ОБСЕ самитот завршува денеска.

На почеток