Претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, упати до норвешкиот Нобелов институт формална номинација годинашната Нобелова награда за мир да им се додели на премиерите на Македонија и на Грација, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Причината иста, потпишувањето на Преспанската спогодба со која се решава спор стар 27 години, пишуваат црногорските медиуми.
„Со овој историски Договор е затворено прашање, кое, не само што ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Македонија долги 27 години, туку создаваше и јаз меѓу двете соседни земји. На овој начин двајцата премиери покажаа политичка подготвеност да носат надворешнополитички одлуки кои се однесуваат не само на иднината на нивните добрососедски односи, туку и на Европа во целина. Нивните лични напори и подготвеност на компромис за доброто на граѓаните на двете земји, се најдобар пример за мудро и долгорочно политичко визионерство, кое е неопходен предуслов за секое вистинско лидерство“, се наведува во поднесената номинацијата.