Свет

Израел нареди евакуација, објави мапи

Израел нареди евакуација, објави мапи

Портпаролот на израелската армија на арапски објави мапи на „Икс“ кои покажуваат кои делови кои Палестинците во Газа мора да ги напуштат и да побегнат.

dobivaj vesti na viber

Користејќи повеќе мапи означени на арапски, Авичај Адраи им кажува на луѓето кои живеат во неколку населби, вклучувајќи ги Џабалија и Шуџаија, да се преселат во други области.

Картите на јужниот дел на Газа ги повикуваат Палестинците во неколку населби, вклучително и Бани Сухаил кај Кан Јунис, да се преселат во засолништата во Рафах, на границата со Египет – еден од неколкуте делови на јужниот појас бомбардирани од Израел откако истече примирјето во петокот.

На почеток