Спорт

Прогноза на Панчев: Хрватска ќе води „војна“ со Шпанија и Италија, Србија ако не се подобри веднаш ќе се врати дома

Прогноза на Панчев: Хрватска ќе води „војна“ со Шпанија и Италија, Србија ако не се подобри веднаш ќе се врати дома

Дарко Панчев, легендата на југисловенскиот и македонскиот фудбал, за Спорт клуб, ги коментираше групите за ЕУРО 2024. Селекциите од просторите на поранешна Југославија Хрватска, Србија и Словенија добија тешки групи. Хрватска е во „групата на смртта“, со актуелниот еврпски првак Италија, Шпанија и Албанија. Србија и Словенија се во група со Англија и Данска.

„На Англија и е отворен патот до втората фаза, улогата на фаворити е во нивни раце и се претпоставува, се верува, дека тие ќе бидат први во групата. За второто место ќе се борат Србија, Данска и Словенија, со речиси еднакви шанси. Што и треба на Србија? Главната работа, да се подобри играта и да се подигне формата забележана во последните неколку квалификациски натпревари, да се обидат да бидат на нивото што беше прикажано на пријателската средба со Белгија. Доколку не биде така ќе се вратат дома“.

„Сигурно е дека Хрватите ќе водат „војна“ со Шпанија и Италија за позициите еден и два. Не би се осмелил некому да му дадам предност, ќе одлучат нијансите. Плус и среќата. Ништо без среќа. Јасно е дека во оваа група Албанија нема никакви шанси“.

Кога станува збор за составот на другите групи?

„Германија треба да се покаже во А групата, до неа треба да бидат Шкотите или Швајцарците, ми се чини дека Унгарците се најтенки. Типувам на Франција и Холандија, а гледам и еден квалификант како учесник во нокаут фазата, мислам на Украина, предвидувам сигурен пласман на Белгија, Турција и особено Португалија, која ќе го брка европскиот трофеј“, потенцира Дарко Панчев.

Макфакс

На почеток